Current track

Title

Artist

Background

Споменар

Хитови

Scheduled on

Понеделник 18:00 20:00
Вторник 18:00 20:00
Среда 18:00 20:00
Четврток 18:00 20:00
Петок 18:00 20:00
Недела 18:00 20:00

Одбрани

Tagged as
На почетокот на вечерта после сите дневни обврски време е да си обрнеме внимание на себе си и на она што го сакаме. Сето тоа зачинето со добра музика во која може да ја вметнеме Вашата омилена песна. Два часа во кои Вие бирате музика која Вам Ви значи спомен. Термин за уживање со добра музика и за прераскажување на случки од минатото. Совршено време за седенка со најблиските и евоцирање спомени.

Read more

Споменар crew

Основач, менаџер, уредник, техничар и водител. Човек со огромно радио искуство како техничар и водител. Секогаш спремен за разговор, насмеан, позитивен. Прецизен и професинален во работните обврски. Тимски играч кој секогаш помага со совети. Среќен е кога гледа насмевка на лицата на луѓето околу него и секогаш се труди да биде причина за нечија насмевка. Премногу толерантен, но исто така одлучен, кога става крај на нешто тоа значи крај засекогаш. “Можеби сум добар, но не сум глупав“. е изреката која го поткрепува текстот погоре. Простувај, но не заборавај, притоа биди многу внимателен со тие на кои им простуваш.

Марин Хрговиќ или Ди Џеј Марин како што го позаваат неговите пријатели и слушатели е редок формат на карактер и професионалец. Човек кој одлично ја познава светската ретро и поранешната Ју Ретро Поп-Рок музика. Марин во Стар радио донесе посебна свежина и радиото со него доби на ширина и квалитет во поглед на музиката. Слушајте го неговиот избор секоја сабота од 11 до 12 часот во “Диско кугла“ и од 14 до 15 часот во “Ретро со Марин“.

Ди Џеј Пентиум е секогаш со Вас, дење и ноќе. Не јаде, не спие, а секогаш е  свеж и расположен за забава. Единствено што му треба функционира е приклучок на електична енергија. Тој е нашиот најредовен и најфлексибилен член. Секогаш ги корегира нашите грешки, а попатно и ги исполнува сите наши наредби. Никогаш нема да го видите  тажен и онерасположен. Токму затоа  тој е најважниот член на нашата екипа. Без него невозможно е да функционира Стар Радио.