Current track

Title

Artist

Background

Буди го Петелот

Scheduled on

Понеделник 08:00 10:00
Вторник 08:00 10:00
Среда 08:00 10:00
Четврток 08:00 10:00
Петок 08:00 10:00

Забава

Tagged as: , ,
Желбата за убав почеток на денот за секој на ова тешко време за живеење, полно со стресови и проблеми беше голем мотив и инспирација да се концептуира и реализира Утринското реално радио шоу “Буди го петелот“. Во него пред се даваме акцент на убавата балканска забавна ретро музика која за многумина од нас значи убави спомени за едно поубаво време во кое имаше многу повеќе дружење, забава и во кое многу повеќе се ценеа моралните и човечки вредности на кои се базираше се. Тоа време бевме многу послаби технолошки , НО сепак не бевме несреќни, напротив имаше многу повеќе лични контакти, дружење и забава. Покрај музиката која е внимателно одбрана во ова шоу на хумористичен и природен начин се сервираат информации кои не се лесно достапни на секој и секако занимливости, интересни изреки, поуки, досетки кои го прават моментот подобар. Главни улоги во оваа емисија имаат “Петелот“ (кој живее по свое и секогаш се успива) и “Комшиката“ (која по навика е ранобудна и спремна за кафе и оговарање). Тимот кој стои позади реализацијата и концептот на “Буди го Петелот“ е во состав, музика и техника Ди Џеј Пентиум, уредник и водител Горан Шојка. Во целина овој проект кој започна да се емитува на 3 март 2019 година има за цел да Ве насмее, расположи, да го направи  Вашиот работен амбиент подобар, да го разубави утрото во домашен амбиент. Слушатје “Буди го Петелот“ секој работен ден од понеделник до петок од 8 до 10 часот наутро.

Read more

Буди го Петелот crew

Основач, менаџер, уредник, техничар и водител. Човек со огромно радио искуство како техничар и водител. Секогаш спремен за разговор, насмеан, позитивен. Прецизен и професинален во работните обврски. Тимски играч кој секогаш помага со совети. Среќен е кога гледа насмевка на лицата на луѓето околу него и секогаш се труди да биде причина за нечија насмевка. Премногу толерантен, но исто така одлучен, кога става крај на нешто тоа значи крај засекогаш. “Можеби сум добар, но не сум глупав“. е изреката која го поткрепува текстот погоре. Простувај, но не заборавај, притоа биди многу внимателен со тие на кои им простуваш.

Диме Гипса е дел од Стар Радио од 2013 година и после Горан Шојка е член со најголем стаж. Професионалец со долгогодишно радио искуство, човек кој е задолжен за реализирање соработка со сите продуцентски и издавачки балкански куќи. Новата балканска забавна музика е негов приоритет. Активно учествува во уредувањето и креирањето на програмската радио шема како и во повеќето емисии во улога на техничар и музички селектор.

Ди Џеј Пентиум е секогаш со Вас, дење и ноќе. Не јаде, не спие, а секогаш е  свеж и расположен за забава. Единствено што му треба функционира е приклучок на електична енергија. Тој е нашиот најредовен и најфлексибилен член. Секогаш ги корегира нашите грешки, а попатно и ги исполнува сите наши наредби. Никогаш нема да го видите  тажен и онерасположен. Токму затоа  тој е најважниот член на нашата екипа. Без него невозможно е да функционира Стар Радио.