Current track

Title

Artist

Background

Ретро со Марин

Најдоброто

Scheduled on

Сабота 14:00 15:00

Разни изведувачи

Tagged as: ,
Емисијата “Ретро со Марин“ ја слушате секоја сабота од 14 до 15 часот. Во истата во 60 минути ги слушате најдобрите хитови на одреден пејач, пејачка или група. Изведувачите кои се дел од оваа радио емисија се од жанрот на поранешната југословенска забавна ретро поп-рок музика. Помалку говор, многу повеќе музика. Уредник, водител и техника Марин Хрговиќ, ко-водители, Даниел Тошевски и Горан Шојка.

Емисијата “Ретро со Марин“ ја слушате секоја сабота од 14 до 15 часот. Во истата во 60 минути ги слушате најдобрите хитови на одреден пејач, пејачка или група. Изведувачите кои се дел од оваа радио емисија се од жанрот на поранешната југословенска забавна ретро поп-рок музика. Помалку говор, многу повеќе музика. Уредник, водител и техника Марин Хрговиќ, ко-водители, Даниел Тошевски и Горан Шојка.


Read more

Ретро со Марин crew

Марин Хрговиќ или Ди Џеј Марин како што го позаваат неговите пријатели и слушатели е редок формат на карактер и професионалец. Човек кој одлично ја познава светската ретро и поранешната Ју Ретро Поп-Рок музика. Марин во Стар радио донесе посебна свежина и радиото со него доби на ширина и квалитет во поглед на музиката. Слушајте го неговиот избор секоја сабота од 11 до 12 часот во “Диско кугла“ и од 14 до 15 часот во “Ретро со Марин“.

Се викам Даниел Тошевски роден сум на 10 Јануари 1985 година во Скопје. Уште од Детството имав желба да се занимавам со Медиум, па така кога имав 10 години започнав да работам во Радио. Работев во неколку тогашни Радиа во Скопје се до мојата шеснаесетта Година кога привремено престанав со мојата Водителска кариера но никогаш не се откажав од таа Професија па така по пауза од 17 години минатата година повторно започнав со Емисија на Стар Радио. По професија сум Музичар Теоретичар со завршено Средно Музичко Училиште Илија Николовски Луј во Скопје Наставно-Теоретски оддел и ден денес Професионално се занимавам со Музика како Интерпретатор на Македонската Народна Песна. Имам снимено и Нови а имам и Препеано Стари Македонски Народни Песни.
Неколку пати имам освоено Награди на Фестивали за Лица со Посебни потреби, а на овогодинешниот Пирин Фолк Сандански Бугарија ја освоив Специјалната Награда за најдобра интерпретација според Општина Сандански.
Сакам да им помагам на Луѓето па затоа сум учествувал на многу Хуманитарни Концерти и ќе продолжам да пеам и да ги поддржувам Хуманитарните Настани само доколку сретствата одат на право место.  Тоа што сум слеп од раѓање никогаш не ме спречило да го работам тоа што го сакам, дури со гордост можам да кажам дека воопшто не се ни чувствувам како Лице со Посебни Потреби. Секогаш сум добро расположен и отворен за Комуникација со сите Добронамерни Луѓе.
Го Почитувам Тимот што работи со мене, како и моите Слушатели.

Ди Џеј Пентиум е секогаш со Вас, дење и ноќе. Не јаде, не спие, а секогаш е  свеж и расположен за забава. Единствено што му треба функционира е приклучок на електична енергија. Тој е нашиот најредовен и најфлексибилен член. Секогаш ги корегира нашите грешки, а попатно и ги исполнува сите наши наредби. Никогаш нема да го видите  тажен и онерасположен. Токму затоа  тој е најважниот член на нашата екипа. Без него невозможно е да функционира Стар Радио.