Current track

Title

Artist

Background

Среда

00:00Среда

Спиеме со пуштено радио. Љубовни балади за мирен сон.

Learn more

Кој Рано Рани

05:00Среда

05:00Среда

Посебен дел од ноќта во кој повеќето од нас се борат со алармот. Го означуваме почетокот на денот со добра музика и утринско кафенце.

Learn more

08:00Среда

Желбата за убав почеток на денот за секој на ова тешко време за живеење, полно со стресови и проблеми беше голем мотив и инспирација да се концептуира и реализира Утринското реално радио шоу “Буди го петелот“. Во него пред се даваме акцент на убавата балканска забавна ретро музика која за многумина од нас значи убави спомени за едно поубаво време во кое имаше многу повеќе дружење, забава и во кое многу повеќе се ценеа моралните и човечки вредности на кои се базираше се. Тоа време бевме многу послаби технолошки , НО сепак не бевме несреќни, напротив имаше многу повеќе лични контакти, дружење и забава. Покрај музиката која е внимателно одбрана во ова шоу на хумористичен и природен начин се сервираат информации кои не се лесно достапни на секој и секако занимливости, интересни изреки, поуки, досетки кои го прават моментот подобар. Главни улоги во оваа емисија имаат “Петелот“ (кој живее по свое и секогаш се успива) и “Комшиката“ (која по навика е ранобудна и спремна за кафе и оговарање). Тимот кој стои позади реализацијата и концептот на “Буди го Петелот“ е во состав, музика и техника Ди Џеј Пентиум, уредник и водител Горан Шојка. Во целина овој проект кој започна да се емитува на 3 март 2019 година има за цел да Ве насмее, расположи, да го направи  Вашиот работен амбиент подобар, да го разубави утрото во домашен амбиент. Слушатје “Буди го Петелот“ секој работен ден од понеделник до петок од 8 до 10 часот наутро.

Learn more

На Пауза

10:00Среда

10:00Среда

Во предвидениот термин за пауза во работното време или за пауза после утринските домашни обврски секој работен ден од 10 до 12 часот се дружиме во емисијата “На Пауза“. Двочасовно забавно радио шoу од кое во првиот час слушаме само музика, а потоа, вториот час по потреба во зависност од новитетите кои ги имаме за промоција одиме во живо и притоа заедно пиеме кафенце, се релаксираме со добра НОВА музика зачинета со многу информации и занимливости поврзани со најразлични сегменти од живеењето. Уредник, техника и водител Горан Шојка.

Learn more

Џубокс

12:00Среда

12:00Среда

Термин во кој музика бира нашиот најверен и најредовен член Ди Џеј Пентиум. Најдобриот избор на нови и ретро забавни балкански балади, за вистинско уживање.

Learn more

Втора Смена

14:00Среда

14:00Среда

Во периодот на транзиција прва кон втора смена на работното место се опуштате со добра музика која ја бира Пентиум. Нудиме попладневно дружење со најдобрите балкански балади. Наполнете се со свежина и убава енергија, денот е пред Вас.

Learn more

Гужва

16:00Среда

16:00Среда

Во периодот кога се случува најголемиот сообраќаен метеж се нудиме за сопатник, притоа  нудиме добра музика за опуштање на  нерви. Дозволете ни да бидеме со Вас и да останеме смирени и расположени. Најдобрата балканска музика во 120 минути.

Learn more

Времеплов

18:00Среда

18:00Среда

Во 120 минути ги презентораме најголемите хитови од 60-тите до денес. Патуваме низ времето со квалитетна музика со која се најавува убава и опуштена вечер. Напревете убава седенка со најблиските, пуштете радио и почувствувајте ја убавата енергија.

Learn more

Љубов и Музика

20:00Среда

20:00Среда

На почетокот на вечерта нудиме најдобар избор на љубовни балади кои знаат да го најдат патот до Вашите срца и да Ве задржат тука. Целта е да Ве воведеме во опуштена вечер, а со тоа и да бидеме причина за убав сон.

Learn more

Во Новиот Ден

23:00Среда

23:00Среда

Ноќната љубовна емисија “Во Новиот Ден“ ја слушате секоја ноќ точно на полноќ од 00 до 02 часот. Во неа се презентираат најдобрите забавни љубовни балади. Во понеделник и среда кога во емисијата има и говорен дел се разговара на теми поврзани со љубовта, се чита љубовна поезија, се делат љубовни совети. Се за Љубов. Уредник и водител Горан Шојка.

Learn more