Current track

Title

Artist

Background

Нова песна на Дино Мерлин

Written by on 29/10/2020

По пауза од шест години популарниот босански и балкански хитмејкер Дино Мерлин ја промовираше својата нова песна “Ми“. Интересна весела летна приказна овековечена во оригинален спот кој го имате во прилог. Песната е најава за истоимениот албум кој ќе излезе до крајот на тековнава година. Музиката е на Дино и Махир, текстот е на Дино, додека аранжманот е на познатиот турски продуцент Озан Бајраша. Снимена е во студиото “Long Play“ на Махир Сарихоџиќ во Сараево, а мастеринг е направен во Истанбул во студиото “Emre KIRAL @ Ozinga Productions“, Послушајте и погледнете.