Current track

Title

Artist

Background

Водител

Основач, менаџер, уредник, техничар и водител. Човек со огромно радио искуство како техничар и водител. Секогаш спремен за разговор, насмеан, позитивен. Прецизен и професинален во работните обврски. Тимски играч кој секогаш помага со совети. Среќен е кога гледа насмевка на лицата на луѓето околу него и секогаш се труди да биде причина за нечија насмевка. Премногу толерантен, но исто така одлучен, кога става крај на нешто тоа значи крај засекогаш. “Можеби сум добар, но не сум глупав“. е изреката која го поткрепува текстот погоре. Простувај, но не заборавај, притоа биди многу внимателен со тие на кои им простуваш.

Се викам Даниел Тошевски роден сум на 10 Јануари 1985 година во Скопје. Уште од Детството имав желба да се занимавам со Медиум, па така кога имав 10 години започнав да работам во Радио. Работев во неколку тогашни Радиа во Скопје се до мојата шеснаесетта Година кога привремено престанав со мојата Водителска кариера но никогаш не се откажав од таа Професија па така по пауза од 17 години минатата година повторно започнав со Емисија на Стар Радио. По професија сум Музичар Теоретичар со завршено Средно Музичко Училиште Илија Николовски Луј во Скопје Наставно-Теоретски оддел и ден денес Професионално се занимавам со Музика како Интерпретатор на Македонската Народна Песна. Имам снимено и Нови а имам и Препеано Стари Македонски Народни Песни.
Неколку пати имам освоено Награди на Фестивали за Лица со Посебни потреби, а на овогодинешниот Пирин Фолк Сандански Бугарија ја освоив Специјалната Награда за најдобра интерпретација според Општина Сандански.
Сакам да им помагам на Луѓето па затоа сум учествувал на многу Хуманитарни Концерти и ќе продолжам да пеам и да ги поддржувам Хуманитарните Настани само доколку сретствата одат на право место.  Тоа што сум слеп од раѓање никогаш не ме спречило да го работам тоа што го сакам, дури со гордост можам да кажам дека воопшто не се ни чувствувам како Лице со Посебни Потреби. Секогаш сум добро расположен и отворен за Комуникација со сите Добронамерни Луѓе.
Го Почитувам Тимот што работи со мене, како и моите Слушатели.