Current track

Title

Artist

Current show

Current show

Background

Промо! “Цео Свет“ е новиот летен хит на “EMDN”

Written by on јули 4, 2020

Урбаниот музички артист “EMDN” во оригинален стил се претстави на Трап музичката сцена со песната “Плави Кристали“ која остави силен белег, а потоа и со певливата Ко Си Ти“ брзо си обезбеди место во омилените Трап артисти на младата балканска слушателска популација која се повеќе се наоѓа во овој музички стил. Мотивиран од успешноста на првите две песни “EMDN” ја промовираше новата, трета песна по ред, летниот хит “Цео Свет“. Песната е комплетно авторско дело на познатиот српски јутубер и трап артист “Gliša“. За истата е снимен одличен видео спот кој е дело на Владислав Гавриловски. Погледнете го во прилог.

“Цео Свет“ е песна која се слуша во еден здив и според наша проценка многу брзо ќе ја вметнете во Вашите омилени летни хитови. Во најава се уште неколку песни за кои благовремено ќе Ве известиме.

Доколку сте пропуштиле некоја од неговите претходни песни, Ви ги приложуваме за преглед видео спотовите од истите.


Сите коментари

Реплицирај

Вашата маил адреса нема да биде прикажана. Задолжителни полиња *