Current track

Title

Artist

Current show

Current show

Background

Ново

Page: 3

Вечниот романтичар, едниствениот Жељко Самарџиќ објави нова песна, одличната балада “Можда“. Музиката и текстот се на Драган Брајовиќ, додека аранжманот е на Мирослав Столица. За песнава е снимен и спот кој го имате во прилог. Уживајте во уште една убава балада.

Мега популарната балканска поп пејачка Марија Шерифовиќ објави компилација од нејзините најдобри песни на која се најде и нејзината најнова песна, баладата “Ноктурно“. Одлична изведба во нејзин стил, полна со емоција. Текстот на песната е на Јакша Фламенго, музиката на Зденко Руњиќ додека аранжманот е на Маријо Пајиќ. Песнава е проследена со одличен спот кој […]

Драган Величковски, попознат кај балканската публика како “Tyzee“ ја објави новата песна “Сине мој“ на која се јавува како автор на музиката и текстот, додека аранжманот и мастерингот се на Лазар Цветковски. Спотот е дело на Даниел Јовески. Одлична песна со текст кој го опишува суровото секојдневие во кое живееме и со кое ќе се […]

Девојката со најмилозвучниот глас како што многумина ја дефинираат, Александра Ковач ја промовираше својата нова песна “Млечни пут“. Комплетен автор на текстот, музиката и аранжманот е самата Александра. Одлична балада која освојува на прво слушање, убава мелодија, текст во кој може да пронајдете дел од себе. Добитна комбинација за која е снимен и спот кој […]

Популарната хрватска поп група Летечи Одред која постои две и повеќе децении на музичката сцена, но сега во подмладен состав ја промовираше својата нова песна “Хајде реци ми“. Певлива песна во нивни стил со која ќе се претстават на овогодинешниот Загреб фест. Во најава е и спот. Песнава ја слушате само на нашето радио како […]

Најновата песна на хрватската рок група Тешка Индустрија се вика “Ново је јутро“. Песната е во препознатлив стил на групата, песна со среден ритам со која ќе настапат на овогодинешниот загребски фестивал за забавна музика. Во очекување сме на спотот за песната. До објавата на спотот песната ќе ја слушате само на нашето радио.

Уште една квалитетна песна на бендот “Трагови“ кои се ексклузивци на хрватската продуцентска куќа Кроација рекордс. Одличен текст и мелодија кои освојуваат на прво слушање. Потенцијален хит за кој се снима и спот, кој ќе го објавиме наскоро. До тогаш во прилог видео со аудио записот кое препорачуваме да го преслушате.

Најновата песна на Лексингтон бенд се вика “Туџа среча“. Одлична балада инспирирана од новогодушните и божиќните празници за која е изработен одличен спот кој го нудиме во прилог. Потенцијален хит кој препорачуваме да го слушнете.

Најновото музичко остварување на хрватскиот поп пејач Анџело се вика “Убила си анџела“. Ова е негова втора песна во соло кариерата и истата е снимена за Кроација Рекордс. Музиката е на Миро Буљан додека текстот е дело на Ненад Нинчевиќ. Спотот е интересна видео приказна која препорачуваме да ја погледнете во прилог.

Познатата српска поп пејачка Александра Радовиќ која според многумина располага со најубавиот женски вокал на овие простори ја промовираше новата песна, балада “Где чеш ову ноч“. Текстот и музиката се на Александра Милутиновиќ додека аранжманот е на Махир Сарихоџиќ. За песната е снимен и спот за “НН Медиа“ кој го имате во прилог. Уживајте.