Current track

Title

Artist

Current show

Current show

Background

Ново

Урбаниот музички артист “EMDN” во оригинален стил се претстави на Трап музичката сцена со песната “Плави Кристали“ која остави силен белег, а потоа и со певливата “Ко Си Ти“ брзо си обезбеди место во омилените Трап артисти на младата балканска слушателска популација која се повеќе се наоѓа во овој музички стил. Мотивиран од успешноста на […]

Девојката со единствениот глас и уникатна интерпретација на песните Слаџа Алегро ја објави својата нова песна “Не дам те“. Одлична емотивна балада која освојува на прво слушање. Секој би можел да се пронајде во неа. Ви препорачуваме да го погледнете спотот во прилог.

По подолго време популарниот хрватски и балкански поп пејач Горан Каран објави нова песна “Дуго нисам био млад“ за која сними одличен спот. Музиката и текстот се на Горан Каран, а аранжманот е на Никша Братош. Песната е дел од Сплитскиот фестивал и според многумина истата е потенцијален летен хит. Одличен текст и лесна мелодија […]

Најновата песна на Слаткаристика, “Шар Планина“ е препев на познатата народна песна во хип хоп стил. Како и за сите претходни за песнава е снимен спот кој го имате во прилог, Текстот е на Слаткар, додека музиката и мастерингот се на Иван Јованов Iwayo во чие студио е снимена. Погледнете и послушнете.

Познатиот хрватски поп бенд “Буџење“ ја промовираше својата нова песна, баладата “Роним на дах“. Песната е најава за нивниот нов албум и за истата е снимен спот кој го приложуваме на прегред. Уживајте во уште еден потенцијален хит

Популарната Сенида Хајдарпашиќ попозната како Сенидах ја промовираше својата нова песна “Пијеш“ која е објавена недела дена после актуелната “Ко је“. Сенида направи голем бум на балканската трап музичка сцена со нејзината прва песна “Мишичи“. Доколку сте љубители на овој музики стил во приилог се двата спота за двете нови песни на Сенида.

После песната “Пантера“ која е во побрз латино поп ритам, Саша Ковачевиќ ја објави втората песна од најавените четири, латино баладата “Моја малена“. Проектот од четири песни се вика “Метаморфоза“ и истиот е најава за новиот албум. Во прилог е спотот од песнава. Погледнете и послушајте.

Популарниот српски и балкански поп пејач Саша Ковачевиќ ја промовираше новата песна “Пантера“. Песна во негов препознатлив стил со латино ритам. Во најава се уште три нови песни “Она“, “Моја малена“ и “Афера“ кои следниве денови ќе бидат промовирани. За сите песни се снимени и високобуџетни спотови, повеќето во Јужна Америка. Песната “Пантера“ има и […]

Анастасија е решена да тргне по стапките на својата мајка и да направи балканска кариера во својот музички жанр. Таа ја пртетстави својата нова четврта песна по ред, модерената балада “Промашена“. Песната е снимена во студиото Димитрови кај нашиот најпознат продуцент и композитор Дарко Димитров. Текстот е на Александра Милутиновиќ додека музиката и аранжманот се […]

Хрватската поп група “Правила игре“ полека но сигурно се наметнува на хрватската и на балканската музичка сцена. Харзиматичните момци препознатливи по квалитетните живи свирки ја промовираа својата нова песна “Усне од шечера“. Одлична мелодија и текст преку кои испраќаат одлична порака до слушателите. Видео спотот е одлично адаптиран на текстот и приказната во песната. Препорачуваме […]