Current track

Title

Artist

Current show

Current show

Background

Музика

Page: 3

Одлична песна во модерен РМБ стил изработена во студиото “Јованови“. Музиката и текстот се на Ајана, додека аранжманот и мастерингот се на Иван Јованов Iwayo. За песната е снимен и спот кој го изработи “God Eye“ продукција во режија на Гордан Божиновски. Перфектна комбинација, Урбан Рекордс и Ајана! Погледнете и послушајте.

Најновото музичко остварување на Лукијан Ивановиќ се вика “Недостајеш“. Убава балада која освојува на прво слушање. Музиката и текстот се на Горан Ковачиќ, додека продукцијата ја работеа Горан Ковачиќ и Лукијан. Спотот нуди одлична приказна и заслужува да се погледне вп прилог.

На неговата најновата песна “25-ти сат“ Сергеј Четковиќ покрај тоа што се јавува како интерпретатор, се јавува како автор на текстот и музиката, додека аранжманот и мастерингот се на Махир Сарихоџиќ. За песната е снимен и спот кој го приложуваме на преглед. Песнава е новогодишен подарок за неговите фанови. Можеме слободно да кажеме, уште една […]

Најновата песна на познатата хрватска поп пекачка Нина Бадриќ се вика “Ратујем с тугом“. Песна во препознатлив стил за неа и потенцијален хит за кој се снима и спот. Во прилог видео со аудио запис, послушајте.

Новата поп балада на Амир Казиќ попознат како Лео се вика “Реци нешто ал не шути више“. Снимена е за Кроација Рекордс. За песната е направен спот кој го имате во прилог. Препознатлив стил на изведба, песна која има голем потенцијал да биде хит. Во нашиот разговор со Лео дознавме дека работи на уште неколку […]

“Кога зборот станува мелодија, тогаш знакот станува танц” е мотото на новиот видео спот на “DS Collective” за темата “Свет” која е во соработка со Alex V. “Кореографијата во видеото впрочем е инспирирана од знаковниот јазик преку која сакавме накратко да влеземе во кожите на оние кои “слушаат со очите”. Барем на момент да почувствуваме […]

Неда Украден овој период забрзано работи на нови песни и спотови за истите кои како што вели се новогодишен подарок за најзините фанови. До моментов објави две песни и два спота за истите, а тие се “Бомба“ и “Није поштено“. Во најава е уште една песна за која повеќе детали ќе откриеме наскоро. Во прилог […]

Бендот “2Be“ ја промовираше својата втора песна насловена „Врати се“. Овој пат бенд се јавува како комплетен автор на песната. Текстот е на Љупче Стојановски, додека музиката и аранжманот се на Тино Стојановски. Оваа песна е прва нивна авторска песна, иако претходно тие дебитираа на македонската сцена со синглот „100 песни“. За оваа песна е снимен […]

Ви ја претставуваме новата песна на гостиварската рок група Ареа насловена како  “Те спомнувам”. Песната е комплетно нивно авторско дело со текст, музика, аранжман и продукција. Спотот е сниман на неколку локации во нивниот роден град Гостивар и тоа во Градскиот парк, Домот на културата и рок-барот Пинк Флојд, под режисерската палка на Кристијан Шемко. […]

Новата песна на Ѓоко Танески “Една љубов имам“ е одчична балада отпеана во негов стил со многу емоции. Музиката и аранжманот се на Никола Мицевски, текстот го нашиша Ѓоко додека видеото и спотот се дело на Даниел Јовески. Песнава е одлично освежување на домашната сцена и потенцијален хит. Погледнете и послушајте.