Стар радио е интернет радио кое започна со работа на 14 декември 2011. Работиме на професионална студиска аудио опрема во простории специјално уредени за реализација на нашата радиска програма. Можете да не слушате секој ден, 24 часа. Сериозноста на нашиот радио-проект ја поткрепува фактот што радиово располага со две професионални аудио студија и тоа во Скопје и Mинхен каде се реализира нашата програма. Во нашата програмска шема нудиме квалитетен избор на македонска и екс ју забавна музика, емисии во живо со забано-едукативен карактер, топ листи и уште многу други содржини кои можат да го привлечат вашето внимание. Целта на СТАР радио е да понуди квалитетен сплет на музика, говор и енергија кои можат да Ве оттргнат од лошото секојдневие и да Ве однесат во еден друг поубав свет каде царува љубовта. Нашето мото е "ЉУБОВ, МУЗИКА, ЕНЕРГИЈА". За сите Ваши пофалби, критики, сугестии во врска со програмската шема, како и за соработка со Стар радио контактирајте не на нашиот е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. . Благодариме што сте дел од нашите слушатели и уживајте со СТАР радио.

Сервер 1 слушатели:1