Current track

Title

Artist

Current show

Current show

Background

“DS Collective” ја промовираа “Свет”

Written by on декември 14, 2019

“Кога зборот станува мелодија, тогаш знакот станува танц” е мотото на новиот видео спот на “DS Collective” за темата “Свет” која е во соработка со Alex V.

“Кореографијата во видеото впрочем е инспирирана од знаковниот јазик преку која сакавме накратко да влеземе во кожите на оние кои “слушаат со очите”. Барем на момент да почувствуваме дека зборовите за ушите се истото она што и знаците за очите” – велат од DS Collective.

“Во процесот на креирање тргнавме многу спонтано, сакавме да дадеме некоја друга друга тежина на видеото, да пренесеме порака, а сепак да биде различно од она што сме го работеле и претходно. Кога се одлучивме да биде видео со танц, тогаш зошто да не излеземе од комфорт зоната, се обидовме и ние да научиме по нешто, текстот на песната го преточивме во знаковен јазик, а потоа во танц, сметаме дека е важно да ја пренесеме емоцијата што пошироко, уметноста сепак нема граници” – вели Стефан Сајковски – DS Collective.

Кореографијата e дело на Јована Зајкова која ја има и главната улога во видеото додека целокупната видео реализација е дело на Бобан Костоваки и The Media (помогнато од Томислав Живковиќ). Имено, Стефан пред неколку месеци го промовираше својот деби албум со 13 песни под насловот “Јас сум, ние сме”, а темата “Свет” е дел од истиот. Албумот е достапен на сите онлајн платформи Јутјуб, Спотифај, Дизер и др.


Сите коментари

Реплицирај

Вашата маил адреса нема да биде прикажана. Задолжителни полиња *